Деловниот пазар се менува! Трговците, производителите и дистрибутерите имаат потреба од дигитализација доколку сакаат да останат конкурентни на пазарот. Ветувањата на B2B е-продавниците се јасни:
Работиме преку добро структуриран процес кој ќе овозможи исполнување на вашите цели:
B2B е-продавниците се фундаментално различни од B2C е-продавниците. Додека клиентите на B2C е-продавниците доаѓаат да купуваат но и да пребаруваат и прелистуваат, клиентите на B2B е-продавниците сакаат купувањето да го завршат што е можно побрзо и поефикасно.
“B2B клиентите не купуваат поради потреба - тие купуваат бидејќи тоа е дел од нивните работни обврски.”
Нашата B2B е-продавница содржи неколку B2B функционалности како стандардни, без да има потреба од понатамошни измени или екстензии. Дел од функционалностите кои би ги имале се:
На новите клиенти им нуди можност да побараат првична понуда за дел од избраните продукти.
Клиентите имаат можност да си создадат листа на производи кои често би биле дел од нивниот процес на нарачки и со тоа брзо и лесно да го извршат купувањето.
Деловните клиенти можат да ги гледаат нивните специфични цени или пак можат да работат со цените од ERP системот.
B2B е-продавницата нуди брза форма преку која можат да се додадат производи за купување или пак опција истите да бидат додадени преку excel документ.
Секој деловен клиент може да користи свој начин за наплата на производите било да е преку картичка, фактура или преку кредит на самата продавница.
Можеби не сакате сите клиенти кои ќе направат профил на вашата продавница да бидат ваши клиенти? Тоа е во ред, затоа нудиме начин со кој што ќе можете да ги одобрите тие клиенти што сакате да ви се клиенти на вашата е-продавница.
Доколку имате повеќе клиенти кои припаѓаат на иста компанија и сите имаат потреба од нарачки, тоа не е никаков проблем бидејќи можат да ја користат опцијата за повеќе клиенти преку еден профил.
Доколку имате потреба да го ограничите пристапот на одредени клиенти до одреден дел од вачиот каталог, тогаш на располагање ја имате и таа опција.
Овој портал им нуди на клиентите преглед на сите порачки, фактури, испораки со цел полесна организација преку Dynamics 365 Business Central.
Нашите B2B е-продавници се интегрирани со Dynamics 365 Business Central. Ова значи дека податоците се внесуваат на една локација и активностите кои се извршуваат секојдневно во вашата е-продавница се скоро целосно автоматизирани. Како додаток на оваа интеграција клиентите имаат пристап до портаал за клиенти каде што ќе можат да имаат комплетен преглед на сите порачки,испораки итн. направени преку продавницата или било кој друг канал за продажба.
По успешното имплементирање на вашата е-продавница, обезбедуваме подршка, одржување и понатамошна оптимизација на вашата B2B е-продавница.
Дали сакате да дознаете повеќе за можностите на B2B е-продавниците или пак сакате да добиете демо со нашата B2B оптимизирана околина? Или пак сакате бесплатна консултација со еден од нашите специјалисти за B2B е-трговија? Контактирајте не!