Ecomwise е партнер со Shopware 6 платформата

Ecomwise стана партнер со Shopware платформата за е-трговија во Април 2020 година. На крајот на минатата година започнавме да ја истражуваме оваа платформа за е-трговија и по неколку месеци решивме да започнеме да ја нудиме оваа платформа како опција, покрај нашата стандардна Magento 2 опција. 

Што е Shopware?

Shopware 6 е платформа за е-трговија и е open-source со потекло од Германија. Shopware 6 е најкористениот систем за е-трговија во Германија и поради неговата флексибилност и лесност за користење, платформата расте и во други земји во Европа. Shopware е активна како платформа на пазарот веќе 20 години и им служи на над 100000 клиенти.  Најновата верзија од Shopware беше лансирана на почетокот на 2020 година, за повеќе информации кликнете на Shopware 6.

Зошто Shopware и Magento?

Пред 10 години пазарот за е-трговија беше многу ограничен кога се работи за платформи со open-source.  Оваа состојба е сменета во последните години, што ја прави одлуката на компаниите толку потешка во одбирањето на идеалната платформа за нивниот бизнис. За нас како агенција за е-трговија, технологијата ја гледаме како средство и затоа сакаме да ве советуваме во врска со изборот на платформа која е најсоодветна за вашата компанија. Доколку сакате да дознаете повеќе информации за разликите кликнете на следниот линк и ќе можи да прочитате повеќе детали во овој блог Magento 2 vs Shopware 6

 Силните страни на Shopware 6

Ако го разгледаме Shopware 6 можеме да заклучиме дека платформата се разликува во следниве точки:

  • Панел кој е едноставен и лесен за администрирање. Секоја верзија вклучува визуелен уредник кој го олеснува уредувањето на вашата е-продавница. 
  • Интеграција со други системи: Shopware 6 е изграден според пристапот “API first”, што значи може да се поврзи со достапните API.
  • SEO и мобилна достапност: Shopware е изграден на начин на кој што ги зема најважните оптимизирани фактори, исто така е изграден со најновите технологии па затоа неговата достапност на сите уреди е доста голема.  

Shopware 6 продавница за екстензии

Во моментот работиме на нашите први е-продавници за Shopware и ќе можеме да ги споделиме во наредните месеци. Исто така работиме на изработка на голем број на B2B плуг ин за оваа платформа.

Прашања во врска со Shopware 6

Дали имате прашања во врска со Shopware платформата. Дали можеби сакате демо за оваа платформа. Ве молиме контактирајте не и ние ќе ви закажеме видео повик!