Magento B2B пакет

Magento B2B е-продавница

 


Магенто е најшироко користената платформа за веб-продавници со open source во светот, која содржи многу моќни функционалности. Доколку се занимавате со продажба преку B2B е-продавница, ќе наидете на некои ограничувања, ова се случува бидејќи Magento првично е B2C платформа.
Затоа развивме B2B пакет: комбинација од најкористените B2B функционалности, претворајќи го Magento во идеална платформа за вашата деловна продажба!

 

Комплетно решение

 


Доколку сакате да го проширите Magento, можете да изберете многу различни екстензии кои за жал често имаат проблеми со компатибилноста. B2B пакетот ги содржи сите функционалности што би ги очекувале во Magento B2B средина во една целосна екстензија. Вклучете или исклучете делови од екстензиите и утврдете за кои клиенти, кои функционалности ви се потребни. Без комплицирани прирачници или тешки процедури за инсталација!

 
 
 
 

Magento B2B пакет и ERP систем

 
ERP системот игра централна улога во сите процеси на компанијата. Дополнителните функционалности што B2B пакетот ги додава на вашата Magento може да се постигне преку интеграцијата на B2B е-продавницата и ERP пакет системот. Со оваа понуда може да размислите, на пример, за договори за цени специфични за клиентите или за прикажување на тековните информации за акциите во вашата Магенто е-продавница.
 
 
 
 
 
 

Open-source и enterprise платформи

 


Нашиот B2B пакет е погоден и за Magento Community и за Magento Enterprise верзиите. Нашиот оддел за поддршка нуди поддршка за инсталација за двете варијанти. 

 
 
 
 
 
 

B2B функционалности

Нашата B2B е-продавница содржи неколку B2B функционалности како стандардни, без да има потреба од понатамошни измени или екстензии. Дел од функционалностите кои би ги имале се:

Понуди

На новите клиенти им нуди можност да побараат првична понуда за дел од избраните продукти. 

Листа со производи

Клиентите имаат можност да си создадат листа на производи кои често би биле дел од нивниот процес на нарачки и со тоа брзо и лесно да го извршат купувањето.

Специфични цени за клиенти или листи

Деловните клиенти можат да ги гледаат нивните специфични цени или пак можат да работат со цените од ERP системот.

Форма за брза нарачка

B2B е-продавницата нуди брза форма преку која можат да се додадат производи за купување или пак опција истите да бидат додадени преку excel документ. 

Услови за наплата

Секој деловен клиент може да користи свој начин за наплата на производите било да е преку картичка, фактура или преку кредит на самата продавница.

Одобрување на клиенти

Можеби не сакате сите клиенти кои ќе направат профил на вашата продавница да бидат ваши клиенти? Тоа е во ред, затоа нудиме начин со кој што ќе можете да ги одобрите тие клиенти што сакате да ви се клиенти на вашата е-продавница. 

Повеќе клиенти преку еден профил

Доколку имате повеќе клиенти кои припаѓаат на иста компанија и сите имаат потреба од нарачки, тоа не е никаков проблем бидејќи можат да ја користат опцијата за повеќе клиенти преку еден профил. 

Различен опсег на пристап за различни клиенти

Доколку имате потреба да го ограничите пристапот на одредени клиенти до одреден дел од вачиот каталог, тогаш на располагање ја имате и таа опција. 

Портал за клиенти

Овој портал им нуди на клиентите преглед на сите порачки, фактури, испораки со цел полесна организација. 

Повеќе за нас?

Ние сме агенција за е-трговија со седиште во Utrecht специјализирани сме за B2B е-трговија. На нашите клиенти им помагаме со:
 

 

  1. Совети за правилно користење на е-трговијата
  2. Имплементација на B2B е-продавница
  3. Корисничка подршка и оптимизации

Сакате да дознаете повеќе информации? Контактирајте не за бесплатна консултација!

 
 
 

Бесплатна консултација?

Сакате да дознаете кои се можностите на е-продавниците или пак сакате демо презентација? Контактирајте не и еден од нашите консултанти ќе ви одговори на сите ваши прашања.