Magento 2 споредено со Shopware 6

Која е-платформа да ја одберам?

Во овој блог ќе биде извршена споредба на 2 популарни платформи кои се базираат на open source извор Magento 2 и Shopware. Нови верзии од Magento 1 платформата престанаа да излегуваат во Јуни 2020, како резултат на ова многу клиенти ќе се орентираат со мигрирање на Magento 2 платформата или пак ќе бараат нова платформа. Денеска споредено со времето пред 5 години имаме многу повеќе избор на платформи за е-трговија. Секоја од овие платформи си има свои предности и недостатоци, најважно е да се избере платформа која најмногу му одговара на вашата компанија. 

Ние ќе направиме споредба на Magento 2 и Shopware во следните области:

  1. Функционалност – ќе ги разгледаме функционалностите што ги нудат двете платформи и нивните разлики.
  2. Eкстензии и Заедницата
    Една од најголемите предности на платформата за е-трговија со open source е заедницата и количината на агенции кои развиваат функционалности за таа платформа. Колку поголема заедница има платформата тоа значи дека секогаш ќе најдете соодветен партнер кој може да ве подржи во развојот на вашата е-продавница. Исто така значи дека не мора да правите големи финансиски трошоци за функционалности бидејќи секогаш може да најдете екстензија која е достапна како функционалност. 
  3. Лесно користење и одржување на е-продавницата
    Платформата за е-трговија ќе треба да ја менаџира лице вработено во компанијата, па добро е да се земе во предвид и знаењето на вработените во компанијата кога се избира платформата за работа. 
  4. Приспособливост и флексибилност 
    Важен дел од платформата за е-трговија е да е скалабилна и да може да расте со вас. Светот на е-трговијата се менува брзо и вашата платформа треба да биде флексибилна за да може да се адаптира на таа брзина. 
  5. Трошоци за околината 
    Платформата што ќе ја изберете мора да соодвествува со буџетот кој е достапен во самата компанија.  Покрај еднократните трошоци за развивање на нова B2C или B2B webshop треба да се земат и предвид и месечните трошоци за одржување, хостинг и понатамошно одржување на е-продавницата. 

Magento 2

Magento со години е еден од лидерите на пазарот за платформи за е-трговија низ целиот свет. Истражувањето спроведено од Emerce за 2019 година покажува дека 1/5 од холандските е-продавници ја користат Magento платформата. Magento во 2018 година стана дел од Adobe и има две верзии: 

  1. Magento Open Source
    Ова е верзијата која не се наплаќа и повеќето компанија ја користат токму оваа верзија. Оваа верзија може да се прошири со екстензии и најразлични функционалности. 
  2. Magento Commerce
    Оваа е платена верзија, лиценцата за годишна претплата изнесува 22.000 Американски долари и може исто така да зависи и од прометот кој се генерира преку самата е-продавница. Оваа верзија го вклучува стандардниот пакет за B2B и повеќе опции за промоција. 

Shopware 6

Shopware е платформа за е-трговија од Германија и е основана во 2000 година. Во текот на минатите години оваа платформа беше најповеќе популарна во Германија, но во скоро време постигнува доста успех и во другите европски земји. Shopware нуди платформа на која корисникот ќе може да го развива својот бизнис било да е на  B2C или на B2B платформата. Најновите верзии на оваа платформа беа лансирани во 2019 година и тоа како:

  • Open source: безплатната верзија на Shopware.
  • Professional edition: оваа верзија има еднократна лиценца од 2495 евра, содржи повеќе функционалности од open source верзијата за продуктите и повеќе опции за CMS.
  • Enterprise editie: оваа верзија содржи многу функционалности вклучувајќи го и B2B пакетот и подобрена функционалност за пребарување. Цената за оваа верзија е во договор со Shopware.

Подолу ќе ги споредиме двете платформи за е-трговија според горенаведените 5 карактеристики, споредбата ќе се однесува главно на верзиите со open source.

Функционалност

Ако ги разгледаме стандардните функционалности што ги имаат двете платформи, во овој случај Magento содржи повеќе функционалности како стандардни. Но, некогаш повеќе не значи дека тоа е подобро, важно во поглед на функционалностите е да се види кои од нив им се потребни на вашата е-продавница. Shopware 6 во овој поглед се разликува во можностите кои ги нуди кога станува збор за прилагодување на „изгледот“ и „чувството“ на самата е-продавница од страна на корисникот. Open source верзијата од Shopware доаѓа со опцијата “Drag and drop” додека пак Magento 2 оваа верзија ја нуди во платениот софтвер. Од друга страна пак Magento 2 нуди повеќе опции за различни типови на производи, промоции и попусти, како и опции за креирање на повеќе кориснички административни профили и достпаност до одредени делови од системот. 

Екстензии и заедницата

Двете платформи за е-трговија се со оpen source што значи дека она што го нуди платената верзија а го нема во безплатната верзија овде може да се добие преку екстензии или плуг инс како функционалности на платформата. Со опциите за екстензии/плуг инс се добива предност во тоа што немора да се програмираат ови функционалности туку можи да се искористи екстензија/плуг ин. Ако ги разгледаме двете заедници, евидентно е дека Magento 2 заедницата е поголема а ова делумно се должи на фактот што Magento 2е глобална платформа додека пак Shopware 6 се фокусира повеќе на Европскиот пазар. Shopware 6 е лансиран во скоро време и досега се додадени многу плуг инс но сепак можностите се помали од тие на Magento 2 пазарот. 

Лесно користење и одржување на е-продавницата

Shopware 6 е полесен за управување од Magento 2. Ова се базира на фактот што Shopware 6 има помалку функционалности и е потранспарентен. Покрај тоа, има визуелен уредувач што го олеснува самото прилагодувањето на изгледот и чувството на вашата е-продавница. Magento 2 од друга страна пак има подобра можност за управување со опциите за продуктите. 

Приспособливост и флексибилност 

Двете платформи нудат одлични можности за развој во рамките на самата платформа и нудат можности за прилагодување на потребите на клиентите. Magento 2 е повеќе насочена кон меѓународните е-продавници, бидејќи има поширока структура за ДДВ опции како и за валути. 

Трошоци за околината

Трошоците за околината се вкупните трошоци кои се генерираат при користењето на самата платформа. Тука спаѓаат трошоците за имплементација, управување, одржување и ажурирање. При изборот на самата платформа неопходно е да се земат сите овие трошоци. Shopware 6 содржи помалку функционалности па затоа вкупните трошоци за имплементација и одржување на оваа платформа се пониски, споредено со Magento 2. Оваа платформа може да е подобар избор за помали компании. 

Која платформа е најдобра за мојата компанија?

При изборот на платформа која најмногу одговара на вашата компанија, важно е да ги измерите сите овие фактори и да видите која платформа најдобро одговара на организацијата, сега но и во наредните години. Не постои „најдобра“ платформа, но секогаш постои платформа која најдобро одговара на вашата организација. Дали сакате да разговарате за која платформа и одговара најповеќе на вашата компанија или пак сакате да добиете демо на двете палтформи за да ја видите разликата? Ако тоа е она што ви треба тогаш ве молиме не се двоумете и contact не!