Magento 2

Флексибилна платформа за е-трговија

Магенто 2 е една од водечките платформи за електронска трговија и компоненти на Adobe ширум светот. Магенто е исклучително погоден за професионална B2B е-продавница или B2C е-продавница поради големиот број функционалности и приспособливост. Нашиот тим е партнер на Магенто и е овластен специјалист за Магенто. 

 

Придобивките од Магенто 2 е-продавницата

Magento 2 има многу предности кои може да ги искористите за вашата е-продавница. Подолу може да ги најдете вашите главни придобивки

Со Магенто е-продавницата имате можност да креирате продавница која ќе има повеќе јазици и различни валути со 1 платформа. Доколку користите деловна и комерцијална е-продавница може да ги користите истите функционалности за двете продавници, доколку одговараат на вашите потреби.

Magento 2 има панел кој е лесен за администрирање. Овде можете лесно да управувате со податоците за вашиот производ, клиентите и нарачките. Административниот панел е исто така погоден за мобилни телефони, со неговата структура точно може да видите кој корисник што улога има во системот. 

Доколку имате ваша Магенто е-продавница тогаш имате пристап до голем дел од стандардните функционалности. Покрај тоа, Магенто заедницата нуди голем број на екстензии кои можат да ја подобрат вашата е-продавница без дополнителни прилагодувања. 

Магенто може лесно да се интегрира со сите ваши деловни системи, без разлика дали се работи за вашиот ERP систем, софтвер за е-пошта или друг софтвер. Ние ќе ви обезбедиме интеграции со сите ваши системи.

Магенто е платформа со отворен код. Предностите на ваквата платформа е што може сами да правите прилагодувања на системот, покрај тоа имате на располагање голема заедница на програмери кои можат да ви помогнат со прилагодувањата. 

Магенто B2B е-продавница

Ја развивме Екомвисе B2B е-продавницата заснована на Магенто платформата која ќе им служи на трговците на големо и производителите. Оваа е-продавница ќе им служи на трговците како моќно решение за поврзување на нивниот ERP систем. Нашата е-продавница постојано се надградува со деловни функционалности како што се побрзо нарачување, списоци за нарачки, понуди и цени кои се специфични за одредена група на клиенти. 

Магенто B2C е-продавница

Дали сте во потрага по продавница која треба да ги задоволи вашите деловни потреби. Ние ја реализиравме Магенто е-продавницата со ваша помош, водени од вашите потреби, заедно со стручноста на маркетинг агенциите, се со цел вашата продавница да има поголема продажба.

Магнето 2 клиенти

Ова се клиентите кои ги користат нашите решенија

Pirox

B2B e-commerce

Aircologic

B2B e-commerce

Jéh Jewels

B2B & B2C e-commerce

Мигрирање од Магенто 1 на Магенто 2 платформата

Дали вашата е-продавница сè уште работи на Magento 1 и дали сакате да се префрлите на Magento 2 во иднина? Ние ќе ви помогнеме да поставите план за миграција и заедно со вас да размислиме како Magento 2 може да и помогне на вашата компанија да расте понатаму во областа на е-трговијата.

Магенто и развивање на платформата

Дали барате специјалист кој ќе ви помогне да развиете решение за вашата е-продавница. Нашиот тим кој има долгогодишно искуство во развивање на екстензии е тука да ви помогне со вашите потреби. Дел од нашите успешни екстензии:

  • Magento 2 Microsoft Business Central интеграција
  • Листа на нарачки
  • Кредит лимит
  • Magento 2 Exact портал

Магенто корисничка подршка и оптимизација

Покрај развивање на вашите е-продавници ние ви нудиме и корисничка подршкаи одржување на вашите продавници. Со нашата услуга за ажурирање ние нудиме ажирање на безбедносните протоколи и им помагаме на нашите клиенти со оптимизацијата на нивната е-продавница.  Прочитајте повеќе за нашата Магенто корисничка подршка. 

Дали сакате да имате ваша Магенто 2 е-продавница?

Дали сакате да дознаете повеќе за можностите на Магенто 2 продавницата?Оставете ги вашите детали подолу и ние ќе ве контактираме за бесплатно демо или консултација.