Корисничка подршка и одржување

Имате проблем со вашата е-продавница? Нудиме корисничка подршка за Magento 1, Magento 2 и Shopware е-продавници.

Ваша е-продавница. Наша грижа.

Ние ќе се погрижиме вашата продавница да биде брза и сигурна. Преку нашата грижа за корисници го нудиме следното:

  • Инсталирање на безбедносен софтвер
  • Одржување на околината со најновата верзија од платформата
  • Постојано наблудување на вашата продавница за безбедност и брзина
  • Достапност преку телефон или е-маил за прашања и совети

Нашиот тим од сертифицирани Magento & Shopware програмери и консултанти ќе се погрижат сите ваши потреби и желби да бидат спроведени. 

Дали вашата продавница е добро опремена?

Нашите експерти можат да ви помогнат со проценка на вашата е-продавница. Дали би сакале да добиете бесплатен совет без никакви понатамошни обврски кон нашата агенција во врска со состојбата на вашата е-продавница? Ние можеме да направиме scan на вашата продавница и да кажеме каде може да се подобрите како што е:

  • Безбедност
  • Брзина и достапност
  • Дизајн и лесна достапност за клиентите.
 
 

Што ние ќе Ви овозможиме

24/7/365 контрола и надзор

Непрекинато ја наблудуваме вашата продавница и превземаме итни чекори доколку забележиме некакви неправилности.

Знаење и искуство

Сертифицирани сме за Magento & Shopware платформите. Нашите сертифицирани програмери и консултанти ќе Ви помогнат и со најсложените прашања и проблеми.

Јасност и вклученост

Сакаме да знаеме како се развива вашиот бизнис секојдневно. Затоа сме вклучени во вашите процеси често и ви помагаме со секој нареден чекор.
vekopie-1

Услуги со кои Ви помагаме

Нови верзии

Ќе се погрижиме вашата продавница секогаш да ја има најновата верзија од платформата. 

Поправање на грешки и инциденти

Доколку вашата продавница има грешки или пак била нападната од страна на хакери, ние сме тука да ги решиме овие проблеми за вас.

Инсталации

Ќе ве советуваме кои додатоци и функционалсноти Ви се потребни за вашата продавница и ќе се погрижиме истите да бидат достапни во вашата е-продавница.

Прилагодувања

Барате прилагодување за вашата е-продавница а истото го нема достапно како додаток? Ние ќе ви помогнеме да го добиете како функционалност на вашата продавница. 

Кој ќе ви помогне со вашата е-продавница?

Нашиот тим се состпи од 14 професионалци за е-трговија. Нашите програмери ќе се погрижат вашата е-продавница да работи непречено. Исто така ние ќе ги испрограмираме вашите потреби, ќе ја надгледуваме околината и ќе ви понудиме подршка за вашите технички прашања.

Нашите консултанти ја познаваат вашата е-продавница, ви го знаат вашиот бизнис и вашите цели, па затоа можат да ви ги одговорат сите прашања во врска со вашите потреби.

Ние веќе нудиме подршка за голем број на клиенти. Подолу можете да го разгледате нашето портофолио на клиенти.
Нашето портофолио