Што е onboarding?
Onboarding е процес во кој што ги воведувате клиентите да започнат да ја користат вашата е-продавница. Во овој процес на вашите клиенти му ги објаснувате сите активности што ќе им обезбедат брз и непречен начин на нарачки.
Зошто onboarding е толку важен?
Истражувањата покажуваат дека 40-60% од е-продавниците не успеале успешно да ги воведат своите клиенти во начинот на правилно користење на нивните е-продавници. Многу често добивате само една шанса за да ги воведете вашите клиенти во овој процес, па затоа е доста важно тоа да биде направено на правилен начин. За жал од досегашната пракса се покажува дека сопствениците на е-продавниците доста често го занемаруваат овој процес или пак воопшто не го ни применуваат. Токму неправилното користење на вашата продавница може да предизвика и фрустрација кај вашите клиенти но и намален профит.
10 Onboarding совети:
Сега, кога знаеме што претставува овој процес и зошто е толку важно истиот правилно да се спроведи, можете да ги прочитате 10 совети кои ги нудиме за успешно да го поминете овој процес со вашите клиенти:
1.Започнете со тест група
Осигурете се дека кога започнувате нова B2B е-продавница или мигрирате на нова B2B платформа, секогаш да имате тест група на клиенти со која што ќе работите. Многу често имате само 1 шанса да ги убедите клиентите дека овој начин на нарачка е побрз и полесен за клиентите отколку преку е-пошта или телефон. Одберете група на клиенти кои ќе сакаат да ви дадат повратни информации за нивното искуство на вашата е-продавница. Преку овие акции ќе имате релевантен збир на информации.
2. Нека биде лесно за корисникот
Бизнис клиентите на вашата е-продавница своите нарачки ги исполнуваат како дел од сцоите работни обврски. Затоа вие треба да го направите нивното искуство да биде брзо и лесно преку добра структура на категории, филтри, резултати од пребарувањето и преку побрз начин на внесување на податоците за наплата.
3. Имајте исправни и комплетни податоци за производите
Предностите кои деловните клиенти ги имаат при нарачување на вашата е-продавница се тоа што имаат пристап во секое време и место, како и пристап до цените и залихите во секој момент. Ваше е да се потрудите да овие информации се секогаш точни и навремени. За овие потреби со точноста и навременоста на податоците ќе се погрижат вашите интеграции со ERP системите.
4. Не воведувајте многу функционалности во исто време
Погрижете се да не воведувате премногу функционалности во исто време. Воведените функционалности да се секогаш побарани од клиентите и нивните потреби. Размислете предвреме што е целта на функционалноста која ја бара вашиот клиент и како истата можете да им ја обезбедите на брз и лесен начин.
5. Обезбедете потик за нарачки преку Интернет
Сите клиенти не сакаат промени. Но, доколку работите во насока да ги поттикнувате вашите клиенти да се адаптираат малку по малку на новите решенија, тогаш ќе можите да ги убедите во целост да уживаат во придобивките од новитетите. Добар пример е нудењето на попуст при користење на одредени функционалности.
6. Вклучете го тимот за продажба
Погрижете се тимот за продажба активно да ја споделува новата платформа и новите функционалности до вашите клиенти.
7. Вклучете ги вашите клиенти во програма за добредојде
Претставете им ја новата функционалност или платформа на вашите клиенти преку програмата за добредојде. Со програмата ќе им објасните на вашите клиенти чекор по чекор што се може да им понуди новата функционалност или новата платформа.
8. Обучете ги и помагајте им на вашите клиенти
Некои од вашите клиенти побавно ќе се прилагодуват на промените, па затоа е добро дел од тимот да им биди на располагање во периодот на транзитирањето.
9. Измерете и подобрете!
Направете истражување колку вашата продавница е посетена од вашите клиенти, со мерење на фреквенцијата на вашата продавница. Анализирајте ги овие податоци и преку нив подобрете ја вашата продавница.
10. Спремете план за onboarding!
Споменатите точки ставете ги во план. Анализирајте колку проценти од нарачките сакате да ги направите преку вашата е-продавница и во колкав период.
Доколку сакате да добиете повеќе информации за тоа како најдобро да ја подготвите вашата е-продавница, контактирајте не!