Кога водите маркетинг кампања преку е-пошта нормално е дека сакате да имате максимални резултати од истата. Иако сте направиле се што сте можеле, многу често луѓето имаат проблем да го оптимизираат овој начин на кампања за да им служи на најдобар начин. За да заштедите време, наведовме 5 совети кои се лесни за примена, така што ќе можете да добиете уште повеќе резултати со вашата кампања за е-пошта денес!
1. Измерете ги резултатите од вашата кампања
Ова звучи доста логично, но честопати не се применува правилно. Треба да се осигурате како точно работат вашите кампањи. Во овој случај ке знаете правилно да ги прочитате резултатите. На пример, треба да мерите колку луѓе го отвориле вашиот билтен, кликнале на линк и извршиле нарачка. Алатка која може да ја користите за мерење на пристапот до вашите линкови во вашата кампања е Google Analytics URL builder со која лесно можете да креирате URL за секој линк од вашата кампања и потоа истиот да го надгледувате преку Google Analytics.
2. А/Б тест на вашата кампања
Малите промени честопати можат да направат голема разлика, на пример дали вашата испратена е-пошта е отворена или пак дали се кликнува на линковите од е-пошта. Затоа е важно А/Б тестирањето за да може да се научи од секоја кампања и да се подобри процесот. Што може да се тестира и треба да се тестира е следното: насловите,временската рамка, сликите и самиот текст во вашата е-пошта. Повеќето алатки за маркетинг имаат стандардна функција за А/Б тестирање од која можете да научите многу податоци за вашата кампања.
3. Сегментирање на вашата е-пошта
Бидете сигурни дека испраќате секогаш различна пошта до вашите клиенти, дека поштата не се повторува, но сепак потрудете се да звучи персонализирана. Примери како може да ги персонализирате вашите пораки:
- демографски податоци за клиентите како возраст и пол.
- вид на клиент: клиенти што немаат извршено нарачка од вашата продавница мора да се третираат поинаку од оние кои вршат нарачки на вашата продавница.
- Интереси и препораки: не секој клиент е заинтересиран за целиот асортиман на вашата продавница. Поради ова треба да се прилагодат испраќањата на е-пошта до клиентите.
4. Користете автоматизирани кампањи
Иако многу компании користат е-пошта, тие сеуште не ги користат во целост предностите на автоматизираниот процес на е-пошта, а од овој прцес можат да имаат големи придобивки. Повеќе софтвери за маркетинг кампањи преку е-пошта содржат голем број на стандардизирани текови што може да се искористат за да се генерира поголем промет и да се понуди подобра услуга на вашите клиенти. Примери за ова се:
- Е-пошта за напуштена кошничка се работи за пуштање на е-пошта кога вашиот клиент ставил производи во кошничката но не извршил купување на тие производи, со тоа што ќе добие порака за потсетување за да изврши нарачка.
- Купете повторно, можете да го наградите клиентот кој купува за прв пат кај вас со код за попуст кој може да го искористи при следната нарачка, или пак испратете им интересна содржина на клиентите кои подолг период не се активни на вашата продавница.
- Привлекување на нови клиенти со тоа што ќе го олесните процесот на порачки на вашата продавница onboardingСо ова вашите B2B клиенти ќе добијат подобра услуга на B2B webshop
5. Активно зголемување на датотеката со е-пошта
Со повеќе испратени пораки ќе имате подобри резултати од вашата кампања. Но, пораките кои што ќе ги испраќате треба да се релевантни за вашата целна група. Што подобро ги таргетирате вашите кампањи, толку е поголем интересот за претплата на вашиот билтен.