Автоматизираниот проток на е-пошта е функционалност што е присутна кај повеќето маркетинг софтвери за е-пошта, како што се Mailchimp, Klaviyo или Activecampaign. Врз основа на претходно наместените зборови(тригери), е-пошта се испраќа автоматски до одредени групи во вашата база на клиенти. Кај ваквиот тип на е-маил, добра страна е што ако зборовите(тригерите) се добро одбрани тогаш ги местите само еднаш и тие си ја вршат својата работа. Во листата подолу ќе најдете 7 автоматизирани текови на е-пошта што дефинитивно ќе сакате да ги користите:
1. Е-пошта за напуштена кошничка
Ова е најпознатата автоматска е-пошта. Имено се работи за пуштање на е-пошта кога вашиот клиент ставил производи во кошничката но не извршил купување на тие производи. Во овој сличај можете да испратите е-пошта за да го охрабрите купувачот да ја заврши нарачката.
2. Е-пошта за добредојде за претплатниците на вашиот билтен
Дали имавте нова претплата на вашиот билтен? Во тој случај испратете автоматска порака за добредојде. Ова ќе ја зголеми можноста следните е-пошти да бидат прочитани и нуди одлична можност веднаш да ги презентирате вредните содржини на вашиот читател.
3. Е-пошта по извршена нарачка
Е-пошта по извршена нарачка може да биде корисна за многу причини. Може да добиете одлични повратни информации за вашата услуга и производи. Оваа повратна информација може да ја искоритите како начин за да привлечете уште повеќе клиенти кои би купувале на вашата е-продавница.
4. Вкрстена продажба базирана на претходни нарачки
Податоците од претходните нарачки може да се искористат за да се охрабрат клиентите за нови нарачки. На пример ако клиент купил лаптоп од вашата е-продавница, можете да му испратите на клиентот е-пошта со корисни производи како глувче или пак торба за лаптоп.
5. Ре-активирање на клиенти кои не нарачале подолго време
Од вашата е-пошта можете да ги селектирате клиентите кои не купиле ништо подолго време или пак оние кои што не купиле ништо на вашата продавница. Испратете им на овие клиенти специјална понуда за да ги убедите на направат првично купување или повторно да нарачат од кај вас.
6. Наградување на најдобрите клиенти
Автоматската е-пошта може да се искористи за наградување на најдобрите клиенти. Врз основа на бројот на нарачки, можете да ги наградите вашите најдобри клиенти, на пример, со тоа што ќе им дадете дополнителен производ со наредната нарачка.
7. Персонални пораки за деловни клиенти
Еден од предизвиците на деловните е-продавници е да им овозможи на клиентите да се префрлат на нарачки преку Интернет. Автоматизираните е-пораки ќе ви овозможат да ги водите клиентите чекор по чекор во користењето на новото опкружување. Прочитајте ги и нашите совети за успешен процес на onboarding proces bij je B2B webshop.