• Клиент

    Kletspot
  • Платформа

    Магенто 2
  • Интеграција

    LogXstar и Bol.com
  • Јазици

    Холандски, Англиски и Германски
  • Е-продавница

    https://www.kletspot.nl

За Kletspot

Порано ги имавте најубавите разговори на масата во кујната. Денес, за жал, фокусот е ставен на дигиталните уреди а не на меѓусебното внимание. Токму затоа е создаден и Kletspot(chat-spot). Еден од нивните тегли/производ содржи картички со прашања кои ќе ви овозможат да започнете добар разговор. Овој производ е идеален поклон за пријатни вечери и мигови со вашите најмили. 

Цел на проектот

Kletspot користеше готов производ кој за жал нудеше ограничени можности. Исто така дизајнот не беше прилагоден за сите мобилни уреди со што клиентите беа ограничени при нивниот пристап до е-продавницата. Kletspot бараше нова платформа за е-продавници  која може да ги постигне следниве цели:

  • Клиентите да можат да нарачаат брзо и лесно од мобилен, таблет и десктоп. 
  • Системот да биде флексибилен за да може во иднина да се додаваат веб-страни и земји који ќе прават нарачки. 
  • Целиот процес да биде што е можно поавтоматизиран за да може да се поминува помалку време во обработка на порачките и нивна достава. 

Решение

  • Magento B2B Webshop
  • Magento B2C е-продавница
  • Интеграција со методот на испорака Logxstar

Резултат

Kletspot го користи нашиот Magento 2 оптимизиран темплејт со што е-продавницата беше развиена и имплементирана многу брзо. Холандската B2C е-продавница беше лансирана кон крајот на 2018 година со што беше искористен празничниот период за промоција на е-продавницата и нивните производи, со што  се оствари добар пораст на нивните нарачки од над 20%. 

На почетокот на 2019 година беше отворена и B2B продавницата каде што повеќе од 700 бизниси можат да направат нарачки. Наскоро се планира и е-продавница за германскиот и англискиот пазар. 


Previous

Share On