• Клиент

    Hoogvliet
  • Платформа

    Магенто 2
  • Интеграција

    EDI со екстендирање на XML податоци за продуктите
  • Јазици

    Холандски
  • Е-продавница

    https://gebakshop.hoogvliet.com

За Hoogvliet

Ние го знаеме Hoogvliet како супермаркет со 67 продавници низ западна и централна Холандија. Исто така  Hoogvliet покрај супермаркет може да се нарече и пекара, бидејќи тие самите го печат целиот леб кој е направен во нивен традиционален рецепт и начин. 

Hoogvliet супермаркетите нудат и најразновидни колачи кои покрај тоа што можите да ги купите во супермаркетите истите можете да ги порачате и преку Интернет. Поради оваа можност започна и нашата соработка со нив. Hoogvliet сакаше да има модерна е-продавница за продажба на сите нивни колачи и други видови на слатки задоволства, па ние како Ecomwise ја дизајниравме и имплементиравме нивната желба. 

Целта на проектот

Кога го превзедовме проектот Hoogvliet, слаткарницата имаше застарен дизајн и не ги исполнуваше денешните модерни стандарди за е-трговија. Промената на нивната платформа во Magento 2 направи огромни подобрувања за нивниот бизнис. На новата платформа додадовме и подобрени функционалности за пребарување, пократок процес на наплата и достава. Но, најдобрата функционалност е можеби нивната опција за дизајнирање на торта со ваш сопствен дизајн. 

Процес

Откако ја утврдивме спецификацијата и начинот на наплата, започнавме да ја дизајнираме почетната страна врз основа на тековниот стил на самиот клиент но со додатоци на свеж и модерен изглед. Новиот дизајн кој ќе биде подеднакво достапен на сите уреди ќе овозможи е-продавницата да биде попристапна за сите клиенти. 

Досега направено

  • Нов дизајн
  • Достапност од сите уреди
  • Подобрена структура
  • Интегрирани надворешни системи
  • Имплементирана функционалнос за дизајн на вашата торта

Previous

Share On