• Клиент

    Jimmy Products
  • Платформа

    Магенто 1
  • Интеграција

    Microsoft NAV и Mailchimp
  • Јазици

    Холандски,Англиски, Германски и Француски
  • Е-продавница

    https://www.popcorn.nl

За Jimmy's

Во 1992 година, во Oud-Beijerland започна производството на пуканки на брандот Jimmy’s. Целта беше да се произведе квалитетен бренд на пукнанки кој ќе ги воодушевува љубителите на филмот. 

Инвестиции беа направени за купување на машини, за иновации во производот како и истражување на пазарот за потребите на финалниот продукт. Во 1992 година палетата на производи се состоеше само од благи и солени пуканки. Денес, изборот е многу пати поразновиден, со вкусови како што се Табаско, чоколадо и сирење. Во 2006 година беше воведен All Natural Popcorn богат со здрави диетални влакна и целосно без алергени. 

Цел на проектот

JIMMY’s веќе некое време имаше Magento е-продавница на домаин popcorn.nl. Нивната желба беше инсталација и конфигурација на  MCONNECT наша интеграција која ја развивме за поврзување помеѓу Magento и ERP системот  Dynamics NAV.

Успешното партнерство не доведе до момент да изградиме нова е-продавница за Jimmy, продавница која има подобрена структура и современ дизајн. Целта беше да се зголеми нивната продажба, маржата и нормално да им се олесни начинот на нарачки на клиентите. 

Резултат

 По завршувањето на успешната интеграција на MCONNECT, продолживме да соработуваме со JIMMY’s Popcorn како партнери. Како партнери им помогнавме во подобрување на целокупната структура на е-продавницата но и на самиот бренд, преку маркетинг кампањи, промоции и истражување на пазарот за проширување на нивната продажба. 

Решение

  • Dynamics NAV со Magento интеграција
  • Magento B2B е-продавница
  • Magento B2C е-продавница
  • Мобилна достапност
  • Брза листа за нарачки

Share On
Next